Во првиот натпревар од саботниот термин во 28. коло од Чемпионшип, на „Лофтус Роуд”, се соочија домашната екипа на КПР и гостите од Лидс. Натпреварот беше карактеризиран по грубата игра која беше овековечена со седум жолти и еден директен црвен картон. КПР славеше со минимален резултат од 1-0 откако во 20. минута Наки Велс го постигна својот 13. гол сезонава, но на малку дискутабилен начин. Играчите и навивачите на Лидс беа бесни поради одлуката голот да биде признат бидејќи сметаа дека играчот од Бермудските Острови играл со рака. Во 62. минута, гостите имаа шанса да израмнат на 1-1, но Бамфорд не го искористи ударот од белата точка т.е. голманот Кели успеа да го прочита шутот и да го одбрани пеналот. Во 88. минута, Филипс од редовите на Лидс доби директен црвен картон за опасниот старт над Камерон. Нашиот интернационалец, Езѓан Алиоски, влезе во 46. минута на местото на Стјуард Далас.
Со оваа победа, КПР се искачи на 13. место, а Лидс останува на второто. Сепак, со поразот, а и со евентуалните победи на Брентфорд и ВБА, би можел да го загуби чекорот за директен влез во Премиер Лигата со тоа што ќе заостанува четири поени зад ВБА, а ќе има предност од само три поени пред Брентфорд.



