Црна Гора ќе дебитира на Светските првенства во кошарка. Црна Гора стана најмалата земја според бројот на жители што ќе има своја репрезентација на кошаркарските мундијали.
Од Европа на СП ќе играат Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Литванија, Црна Гора, Полска, Русија, Србија, Шпанија и Турција. Северна и Јужна Америка ќе ги претставуваат Аргентина, Бразил, Канада, Доминиканска Република, Порторико, САД и Венецуела, од Африка ќе настапат Ангола, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Сенегал и Тунис, а од регионот Азија и Океанија на СП ќе учествуваат Кина, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Нов Зеланд, Филипини и Јужна Кореја. Ждрепката за групите треба да биде на 16 март, а СП треба да се игра од 31 август до 15 септември



