Стружанецот Никола Костески е нов играч на тимот на Линц од Австрија. Таму ќе игра заедно со клубскиот цимер од Металург Горан Крстевски. Ова ќе биде петти клуб во кариерата на Костески кој кариерата ја започна во родната Струга, а потоа играше и за Металург, Селкаспор (Турција) и Татран Прешов (Словачка).
“Многу сум среќен поради доаѓањето на Никола. Со него ние добиваме десно крило од врвна класа и на тој начин, навистина, сме добро покриени на десната страна! ” изјави главниот тренер на Линц, Славко Крњајац за клубскиот сајт на Линц.



