Манчестер Јунајтед летово ќе го реконструира тимот и е во потрага на стопери, а нивниот обид да го ангажираат дефанзивецот на Баерн Минхен, Матс Хумелс заврши неуспешно иако англичаните му понудиле годишна плата од 12 милиони евра.
Искусниот стопер и репрезентативец на Германија се одлучил да ја прифати понудата на Борусија Дортмунд инаку негов екс клуб од каде што премина кај баварците па иако ќе зема помала плата сепак пресудил спортскиот фактор, односно настапот на ,,Милионерите” во групната фаза од Лига шампиони.



