Репрезентацијата на Франција со голем пресврт стигна до бронзен медал на Мундобаскетот во Кина во меч за трето место против Австралија со краен резултат од 67:59. По катастрофалното прво полувреме кога ,,Триколорите” имаа катастрофални две четвртини во прва во која постигнаа 11 поени и во втора четвртина само 10 поени дури во третиот период се разбудија и започнаа да ја топат предноста на ,,Кенгурите” кои што и покрај тоа што имаа на три пати предност од 15 поени на крај бронзата ја пропуштија на французите и повторно останаа без медал од големите натпреварувања.
Најефикасни во победничкиот табор беа Нандо Де Коло со 19 поени, Фурние зад своето име запиша 16 поени, додека Албиси со своите тројки придонесе кога се кршеше резултатот. Најдобар поединец во репрезентацијата на Австралија беше Џо Инглс со 17 поени, а Пети Милс запиша 15 поени.



