вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(Фото) Меморијален турнир во пинг понг ,,Александар Атанасовски Мац”

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 10, 2019
📁 Останато

Со учество на повеќе од 60 пинг понгари во СЦ Форца во Скопје, вчера сабота 9. март 2019  по четврти пат се одржа меморијалниот турнир во пинг понг посветен на ликот и делото на еден од најдобрите пинг понгари на Македонија од минатиот век, повеќе кратен државен првак во пинг понг легендата Александар Атанасовски МАЦ. Турнирот кој секоја година не потсетува на ликот и делото на Александар Атанасовски Мац традиционално го организира ППК Вардар од Скопје под покровителство на ППФМ.

Натпреварувачите кои ги имаше од Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Црна Гора…, се натпреваруваа во четири старосни категории: Апсолутна категорија без ограничување на возраста на играчите; Категорија 35 – 49; Категорија 50 – 59 и Категорија 60+.

Во апсолутна категорија победник на турнирот е државниот првак Кристијан Станојковски кој во финалето го совлада Живко Апостолски со 3:0. На патот до финалето Станојковски најтешкиот натпревар го имаше во четврт финалето, натпревар во кој дури во петтиот сет го скрши отпорот на играчот од Косово, Рахман Адемај. Најпријатно изненадување на турнирот во апсолутна категорија е Христијан Јовановски, младиот битолчанец кој стигна до полуфиналето каде што беше запрен од финалистот Апостолоски. Јовановски во системот на директни елиминации ги совлада реномираните имиња на македоскиот пинг понг Димитрие Жоговски и Филип Младеновски.

И двата натпревари Јовановски ги доби со 3:2, и во двата натпревари имаше негатива, со Жоговски од 2:1, додека со Младеновски губеше со 2:0, но на крајот Јовановски сепак докажа дека полуфиналето на првиот мастерс турнир не био случајно и дека полека се наметнува како еден од посериозните играчи.

Во категоријата од 35 до 49 години победник е играчот од соседна Србија Драган Ѓорѓевиќ кој е редовен учесник на турнирите кај нас. Најинтересно беше во категоријата од 50 до 59 години каде што победник беше Миле Петрески, живата легенда на Македонскиот пинг понг, повеќекратен државен првак, кој уште еднаш покажа дека има уште многу магија во неговиот рекет.

Финале кое ги собра сите аплаузи на просутните во Форца, Петрески против уште една легенда на пинг понгот кај нас, Зоран Јовановски – Тарзан, двајца прилепчани и долгогодишни пријатели. Поуспешен Петрески, победи со 3:2, иако Јованоски ги доби првите два сета.

Јованоски на овој турнир ги одигра најинтерените натпревари на турнирот. Во четвртфиналето против клубскиот соиграч Љубиша Милошевиќ од Србија спаси 4 меч поени на противникот, имено Милошевиќ во решавачкиот сет имаше предност од 10:6, но сепак на крај славеше Јованоски.

Во категоријата на играчи постари од 60 години, победникот повторно доаѓа од Прилеп, Петар Јовановски во финалето беше подобар од Диме Ташковски.

Играчите во оваа категорија иако во поодмината возраст покажаа дека товарот на годините сеуше не им претставува проблем и знаат да одиграат возбудливи поени кои ја подигаат атмосферата во гледалиштето и да измамат аплауз.

Турнирот помина во пријатна атмосфера, одлична организација и дружење на играчите, и  очекување догодина јубилејниот, 5ти МАЦ да биде помасовен и подобар, како што и досега секој нареден турнир е подобар од претходниот.

Победниции по категории на четвртиот Меморијален турнир ,,Александар Атанасовски Мац”

Апсолутна категорија

  1. Кристијан Станојковски
  2. Живко Апостолоски
  3. Христијан Јованоски
  4. Горан Петровиќ

Категорија 35-49

  1. Драган Ѓорѓевиќ
  2. Горан Петровиќ
  3. Сашко Богатинов
  4. Филип Младеновски

Категорија 50-59

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
  1. Миле Петрески
  2. Зоран Јованоски
  3. Филе Матевски
  4. Милош Бојаниќ

Категорија 60+

  1. Петар Јованоски
  2. Диме Ташковски
  3. Жељко Басариќ
  4. Драги Јорданов
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Евро-гол на Бабунски за триумф на Омија Ардија

Следна вест

Гледајте во живо: НЕКСЕ – ВАРДАР

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

ОД СТРУГА ДО СВЕТСКИОТ ВРВ – ИЛИРИЈАН АСАНИ ШЕСТИ ВО СВЕТОТ!
Останато

ОД СТРУГА ДО СВЕТСКИОТ ВРВ – ИЛИРИЈАН АСАНИ ШЕСТИ ВО СВЕТОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Ное/2026
МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКИ ШАМПИОН! ДРАГАН СТОЈЧЕВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ВО ШПАНИЈА
Останато

МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКИ ШАМПИОН! ДРАГАН СТОЈЧЕВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ВО ШПАНИЈА

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Окт/2026
СТРУГА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛИВАЧКИ МИТИНГ „КИРЕ ЃОРГОН 2026“
Останато

СТРУГА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛИВАЧКИ МИТИНГ „КИРЕ ЃОРГОН 2026“

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Окт/2026
12 МЕДАЛИ ЗА ПК СТРУГА НА XXII NEMO KUP 2026
Останато

12 МЕДАЛИ ЗА ПК СТРУГА НА XXII NEMO KUP 2026

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Окт/2026
Следна вест

Гледајте во живо: НЕКСЕ - ВАРДАР

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.