Дејан Манасков и неговиот тим Веспрем успешно ја поминаа пречката наречена Мешков Брест и на домашен терен го совладаа белорускиот тим со резултат од 28:20. Натпреварот беше неизвесен до средината на второто полувреме, а потоа Веспрем со серија на голови се одлепи и до крај ја задржа предноста и триумфираше со конечни 28:20 на полувреме домаќините имаа негатива од 9:10.
Во победничкиот тим на Веспрем најзаслужни за победата беа: Мае, Мачковшек и Нилсон со по 4 гола, додека репрезентативното македонско крило Дејан Манасков постигна еден гол. Во таборот на Мешков Брест исто по 4 гола постигнаа: Ѓукиќ, Кулак и Разгор. Со оваа победа Веспрем повторно го презема второто место на табелата, а Вардар падна на третото место.
Видео: Дејан Манасков постигна атрактивен гол во контра напад



