Еден од двата гиганти вечерва на ,,Алијанц Арена” ќе биде елиминиран од натамошната борба по европскиот трон. Баерн Минхен или Ливерпул кој ќе биде подобриот од овој двомеч, ќе треба да ни го даде одговорот натпреварот кој започнува од 21.00 часот.
Првиот меч заврши без голови, а сега двете екипи влегуваат со подеднакви шанси од причина што ниту домаќинот не смее ,,безглаво” да напаѓа ниту пак Ливерпул може да си дозволи офанзивен пристап кон играта против ривал како што се баварците.
Вториот вечерашен дуел се игра на ,,Ноу Камп” каде што Барселона ќе го нагости тимот на Олимпик Лион. По првата меѓусебна средба резултатот гласи 0:0. Каталонскиот тим ја крена на високо ниво формата по двата големи триумфа во ,,Ел Класико” средбите и мала е веројатноста Лион на кој му паѓа формата во овој дел од сезоната дека ќе изнајде сили да се спротистави на големиот фаворит.



