ЖФК Драгон од Скопје се двојни шампионки во македонската женска фудбалска лига и со тоа добија шанса претстојново лето да играат квалификации за пласман во елитната женска Лига на шампионки.
Минатите сезони драгонки немаа многу среќа во ждрепката, но овој пат добија противници со кои што можат рамноправно да се носат и да им парираат. За ривали ЖФК Драгон ги доби екипите на: ЖФК Сараево (Бих), Бреидаблик (Исланд) и Аса Тел Авив (Израел). Турнирот ќе се игра во Сараево,Бих.



