Во деби настапот на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите во првото коло од групата Ц, пред домашната публика во Битола во салата ,,Боро Чурлевски” ,,Фармацевтите” во храбра и квалитетна игра загубија минимално со 29:30 од Спортинг Лисабон на полувреме македонскиот вицешампион имаше гол предност од 16:15.
Играч на натпреварот беше 35-годишниот романец Јонеа кој постигна фантастични 10 гола, додека во успехот на нивната екипа партиципираа и искусниот шпанец Руезга со 4 гола и голманот Џудиќ со 8 одбрани. Во домашната екипа Јотиќ и повратникот Остроушко имаа по 5 гола, додека Стјепановиќ и Шевелев имаа по 4 гола. На Еурофарм Работник следен нивен предизвик е шведски Савехов.



