Виктор Гигов со неговите одбрани беше најзаслужен за победата на неговиот тим Анталијаспор на тешкото гостување во Турскиот шампионат и сосема заслужено е избран за најдобар голман на колото. ( Güneysuspor-CIP Travel Antalyaspor: 24-27 )
Неговиот тим се наоѓа на четвртото место на табелата со најмалку примени голови во лигата благодарение на искусниот Гигов со реални шанси за излез во Европа наредната година.




