Со триумфот над Еурофарм Работник од 36-29 (полувреме 19-14) на две кола до крај на плејофот во машката Супер лига ракометарите на Вардар и теоретски ја потврдија 13-та титула во првенството на Македонија. Вардар е најтрофеен тим во Македонија со вкупно 28 трофеи во 27 сезони.



