Големото Езерско дерби помеѓу РК СТРУГА и РК ОХРИД ќе се одигра во сабота 25.05.2019 во СЦ “Тими” во Струга oд 18 часот. Влезот во салата ќе чини 100 денари.

Езерското дерби помеѓу РК СТРУГА и РК ОХРИД ќе има и Хуманитарен карактер. Парите од собраните билети ќе бидат донирани за младиот Мартин Стојаноски. За сите оние кои нема да се во можност да присуствуваат на натпреварот отворени се и телефонски броеви за донации: Телеком 143 107 , ВИП 143 462 или на Жиро сметка 210 700000649551 НЛБ банка.



