Македонската репрезентативка и член на турски Јенимахале, Андреа Белеска повторно се истакна во својот тим и во прволигашки натпревар во турската прва лига помогна нејзиниот тим Јенимахале да дојде до гостинска победа над Јаликавак Спор со резултат од 27:32. Белеска беше прв стрелец на натпреварот со 9 постигнати гола и најзаслужна за новите бодови за нејзиниот клуб.



