Првопласираните два тимови ФК Струга и ФК Лабуништа после гостинските победи минатото коло утре од 16 часот на домашен терен играат нови натпревари во Втората МФЛ – Запад. ФК Струга го пречекува тимот на Гоблен Јуниор на стадионот во Радолишта, додека тимот на ФК Лабуништа 2011 на Градскиот стадион во Струга игра против Генч Калемлер. 



