понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Учинок на македонските интернационалци

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
април 8, 2019
📁 Фудбал

Бугарија 1

Локомотив Пловдив 1:1 Славија Софија мирољубиво реми со кое што двете екипи се задоволни од бодот во борба по опстанокот во лигата. За Славија настапија двајцата македонски интернационалци, каде што Стефан Ашковски играше се до 53 минута, а на негово место влезе вториот македонец во тимот, Дарко Тасевски.

Холандија Ерсте дивизија

Твенте 0:1 Дордрехт сензационална победа на гостите над првопласираниот Твенте и некогашен прволигаш кој играше главна улога во лигата. Во гостинскиот тим од 57 минута настапи Антонио Станков кој помогна да се задржат сите три бода во борба по опстанокот во лигата.

Холандија Ередевизија

Гронинген 1:0 Екцелзиор две екипи со различни амбиции каде што домаќините се во борба за излез во Европа, додека Екцелзиор со овој пораз падна во зоната за испаѓање. Кај гостите на клупата за резерви беше Денис Махмудов.

Бих 1

Железничар 0:3 Сараево голема и важна градска победа воедно и три бода кои што тимот го приближуваат до толку посакуваната шампионска титула. Капитен на Сараево е репрезентативниот напаѓач Крсте Велкоски кој на овој меч постигна гол во 15 минута за во тој момент водство од 0:2. Велкоски има 10 гола во првенството.

Хрватска 1

Горица 1:0 Риека минимален пораз за второпласираниот тим на табелата. Во составот на гостите не беше во протоколот за овој меч репрезентативниот стопер Дарко Велковски, додека младинскиот репрезентативен напаѓач до У-21, Милан Ристовски беше само на клупата за резерви.

Рудеш 0:2 Динамо Загреб лидерот на табелата имаше лесна задача против последнопласираниот тим на табелата. За Динамо цел натпревар одигра при тоа ја имаше и капитенската лента Аријан Адеми.

Хајдук Сплит 0:0 Осиек натпревар без голови и поделба на бодовите. Македонските напаѓачи во двете екипи, Мирко Ивановски во Хајдук доби шанса од 80 минута, додека Музафер Ејупи за Осиек остана цел меч на клупата за резерви.

Шпанија,Примера

Рајо Валјекано 2:0 Валенсија сензационална победа на малиот клуб од Мадрид против тимот кој е во борба за пласман за Лига шампиони. Во домашниот победнички тим репрезентативниот голман Столе Димитриевски овој пат беше на клупата за резерви.

Австралија 1

Њукасл Џетс 3:2 Вандерерс ефикасен и неизвесен меч кој до трите бода стигна домашниот тим на Њукасл за кој што до 79 минута настапи екс репрезентативниот бек, Даниел Георгиевски кој на натпреварот запиша и една асистенција за погодок.

Кипар 1

Омонија 0:2 Аек Ларнака гостите дојдоа до триумф со погодоци во второто полувреме и тоа голот на Иван Трилковски во 78 минута за 0:1 и неговиот соиграч Јоану во 90 минута за 0:2. Тричковски ја продолжува голгетерската успешна форма, а Даниел Мојсов со одличната игра во дефанзива не дозволи Аек да прими гол.

Аел Лимасол 0:3 Апоел непријатен домашен пораз од лидерот на табелата. За Аел на клупата на резерви беше младинскиот репрезентативец до У-21, Давор Здравковски.

Англија,Чемпионшип

Бирмингем 1:0 Лидс Јунајтед непријатен пораз на тимот кој е во борба за директен пласман во Премиер лига. За Лидс цел натпревар одигра Езџјан Ачиоски при тоа во 30 минута заработи и жолт картон. Во текот на мечот Алиоски имаше неколку квалитетни центаршутеви кои соиграчите не ги валоризираа.

Грција 1

Паниониос 1:0 Аел Лариса дуел на две екипи од средината на табелата кои се обидуват да го изборат опстанокот во лигата. За гостите од 71 минута доби шанса за настап Никола Јакимовски.

Унгарија 1

Ујпешт 2:1 Мезоковесд супер важна победа за домаќините со пресврт и сега се позиционираа на трето место веднаш зад најдобрите. За Ујпешт одличен меч во дефанзива одработи репрезентативниот стопер Кире Ристевски кој заработи и жолт картон.

Ференцварош 3:0 Пакс рутинска победа на домаќините за зацврстување на лидерската позиција на табелата. Стефан Спировски поради повреда не беше во составот за овој натпревар.

Хонвед 0:1 Мол Види победа и три бода кои ги оставаат во игра за шампионската титула. За Мол Види до 65 минута играше Бобан Николов.

Словачка 1

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Серед 0:1 Ружомберок минимална победа во која што Тихомир Костадинов доби шанса за настап од 79 минута, додека Јани Урдинов не беше во протоколот за овој меч.

Трнава 1:1 Нитра мирољубиво реми кое што двете екипи го обезбедуваат опстанокот во лигата. За Трнава до 83 минута настапи репрезентативниот напаѓач Кире Маркоски кој што во текот на мечот заработи и жолт картон.

Злате Моравце 2:1 Подбрезова супер важна победа за домаќините кои сакаат директен опстанок во лигата, а сеуште се наоѓаат во зоната за испаѓање. На овој меч до 89 минута за победничкиот домашен тим настапи младинскиот репрезентативец до У-19 Томче Гроздановски кој при тоа заработи и жолт картон.

Швајцарија 1

Ксамакс 0:1 Сент Гален одличен настап на голманот Дејан Стојановиќ кој успеа во второто полувреме да спречи гол од пенал, а неговиот тим стигна до минимална победа со која што ги остава во конкуренција за излез во Европа.

Чешка 2

Власим 0:0 Храдец Кралове меч без голови и со поделба на бодовите. За гостите цел натпревар одигра екс младинскиот репрезентативец Фахрудин Ѓурѓевиќ.

Јапонија 2

Кагошима Јунајтед 0:2 Омија Ардија рутински триумф над последнопласираната екипа, а голот за 0:2 го постигна резервистот Давид Бабунски, кој доби шанса за настап во 86 минута и во судиското продолжение постигна ефектен гол за својот тим. За Бабунски ова е втор гол во првенството.

Италија,Серија А

Наполи 1:1 Џенова одличен натпревар за Горан Пандев кој се претстави во одлично светло и имаше три изразити шанси за гол кој не успеа да ги реализира, но затоа во судиското продолжение имаше генијална асистенција за гол кон Лазовиќ. Инаку Пандев играше се до 62 минута на теренот, а неговиот тим освои важен бод.

Португалија 1

Спортинг Лисабон 3:0 Рио Аве рутинска победа и три бода кој што тимот го враќаат на третата позиција на табелата. За Спортинг цел меч одигра Стефан Ристовски кој имаше одличен настап.

Турција 1

Анкарагучу 1:1 Фенербахче натпревар со многу тензија затоа што двете екипи водат борба за опстанок во лигата, а мечот заврши нерешено и со поделба на бодовите. По одличните репрезентативни настапи, Елиф Елмас не добива шанса за настап во Фенербахче.

Башакшехир 2:0 Коњаспор лидерот издвојува рутинска победа за зацврстување на првата позиција на табелата. За Коњаспор во нападот Адис Јаховиќ играше се до 68 минута, додека Леонард Жута го одигра целиот натпревар.

 

 

 

 

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Најдобрите моменти во кариерата на Мирко Ивановски

Следна вест

Караорман стигна до нова победа

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Караорман стигна до нова победа

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.