Многу луѓе едноставно не сакаат да одат на фитнес, па бираат други начини да го изгубат вишокот на килограми и да останат во форма. Таквите луѓе треба да ги пробаат следните ефикасни вежби со кои ќе го обликуваат телото:
Возење велосипед
Оваа вежба е одлична за сите кои не сакаат фитнес центри. Овој кардио тренинг ја зголемува енергијата, а можат да го прават и тие кои имаат проблеми со зглобовите.
Танц
Ако сакате да изгубите вишок килограми, тогаш може да се посветите на салса или некој друг брз танц. Со помош на тие танцови може да потрошите до 600 калории за еден час, а овој танц може да го посетувате со некој партнер.
Спортови со топка
Тимските спортови се многу забавни, посебно ако се со пријателите. Играјте фудбал, кошарка или одбојка.



