По завршувањето на Куп Финалето помеѓу Вардар и Металург доделени беа и индивидуалните признанија. Даниел Дупјачанец од Металург го доби признанието за најдобар голман, а Александар Шпенде од Металург со вкупно 15 постигнати голови во двата натпревари беше најдобар стрелец. За најкорисен играч на турнирот (МВП) избран беше Марио Танкоски од Металург.



