Купот е натпреварување кое не познава фаворити па дури и во финалињата за трофејот. Во Куманово во финалето на Купот на Македонија, забревтаниот Металург сензационалистички дојде до триумф на пенали со резултат од 33:32, а во регуларните 60 минути натпреварот заврши со резултат од 29:29.
Подобро го отвори мечот ,,Црвено-црните” ракометари кои имаа отворање со висока разлика над металурзите но како одминуваше финалето се топеше предноста на европскиот тим на Вардар, а Металург ја користеше секоја пружена можност.
Херој на ова финале е голманот Дупјачанец кој во финишот фати клучни топки, а во пенал рулетот исто успеа да ги сопре ударите на Чупиќ и на Дибиров. Најдобар поединец на мечот заврши Шпенде со 8 гола, додека Токиќ имаше 6, а Танкоски и Јагуриновски завршија со по 4 гола. Во таборот на Вардар Чупиќ постигна 7 гола.



