Спортинг Лисабон за кој настапува македонскиот репрезентативен десен бек, Стефан Ристовски во блиска иднина може да го смени името на стадионот и да го преименува во ЦР7, во чест на Кристијано Роналдо кој потекнува од оваа препознатлива фудбалска школа, а потоа преминува во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид па се до сегашниот клуб Јувентус.
Причините се од маркетиншка природа за да се привлечат нови побогати спонзори, а во исто време и да му се даде големо признание на одличниот португалски репрезентативец. Раководството на тимот веќе ја има усогласено одлуката и посакува да го преименува стадионот, само се чека на одлуката на самиот Кристијано Роналдо дали и тој ќе ја прифати иницијативата.



