Оре, 10 февруари 2019 (МИА) – Легендарната Линдзи Вон ја заврши својата одлична кариера со медал. 34-годишната Американска освои бронзен медал на Светскиот шампионат во Оре.
Таа беше со стартен бр.3 и за кратко беше на чело на рангот, но на крајот се нареди трета во конечниот пласман. Шампионка стана Словенката Илка Штухец со време 1:01.74 мин. Втора, на 23 стотинки од секундата зад победничката, финишираше Швајцарката Корин Сутер, а Вон даде време со 49 стотинки послабо од тоа на Штухец.



