Во салата ,,Чаир” во Ниш, Србија се случи голем скандал откако по завршувањето на куп финалето помеѓу Партизан и Црвена Звезда во кој што до триумф и до одбрана на титулата дојдоа ,,Црно-белите” кошаркари со резултат од 76:74, а на церомонијата на доделување на медалите кошаркарите и целиот стручен штаб предводени од тренерот Милан Томиќ не се појавија и не ги примија медалите што беа наменети за поразената екипа. Навистина неспортски потег и реалност за балканските спортски случувања каде што едниот тим што губи не го прифаќа спортски поразот.



