Женскиот Мундијал кој се одржува во Франција е во завршна фаза, односно остана уште мечот кој ќе одлучи дали Сад или Холандија ќе биде на светскиот трон. Двете селекции прикажаа најмногу и одиграа квалитетен турнир и сосема заслужено се во големото финале.
Интересен факт кој е поврзан со финалето е тоа што фудбалерките на Сад во нокаут фазата своите ривалки ги совладуваа со еден ист резултат, а тоа беше со 2:1. Најпрвин во 1/8 финалето американките ги совладаа на Шпанија, потоа ги елиминираа во 1/4 финалето домаќинот на Мундијалот, репрезантацијата на Франција за во полуфиналето со 2:1 да бидат подобри од Англија.
Од друга страна Холандија имаше тежок пат до финалето но со сите предизвици излезе како победник. Во 1/8 финалето ја елиминираа Јапонија со 2:1, со резултат од 2:0 Холандија рутински ја елиминира на Италија и во полуфиналето еден гол беше доволен Холандија да ја совлада на Шведска. Денеска финалниот натпревар е во 17.00 часот во Лион.



