Спортинг Лисабон во полуфиналниот натпревар во Лига купот на гостувањето против Брага во пенал рулетот избори финале и во сабота ќе се соочат против Порто. Во првиот тим се најде и репрезентативниот десен бек Стефан Ристовски кој го одигра целиот меч и беше еден од позабележителните на теренот.
Први во водство дојдоа Брага со голот во 3. минута преку Соуза, а израмнувачкиот гол се случи во 37. минута кога на центаршут од корнер на Акуња, највисоко скокна стоперот Коатес и топката со глава ја испрати во мрежата за 1:1. Овој резултат остана се до крајот на мечот, а пота веднаш се прејде на изведување пенали.
Во првите три серии фудбалерите на Брага не постигнаа гол, додека Спортинг дури во третата серија преку Фернадес го постигна првиот гол. Стефан Ристовски доби можност да изведува пенал во шестатта серија и успешно го реализира ударот од белата точка. Во пенал рулетот посреќни беа ,,лавовите” од Лисабод и беа подобри со 4:3 и веќе во сабота ќе го играат големото финале против Порто.



