После поразот од градскиот ривал Ливерпул од 5-2 во претходното коло, Евертон го отпушти тренерот Марко Силва и на негово место, како привремен тренер, го доведе Данкан Фергусон – легендата на клубот од „Гудисон Парк”. Дебито на Фергусон на клупата на Евертон беше на домашен терен против Челзи. На полувремето, неговиот тим имаше предност од 1-0 со голот на Ричарлисон во 5. минута. Второто полувреме го отворија со голот на Калверт-Луин и дуплирање на водството, а само три минути подоцна, на 2-1 намали Матео Ковачиќ. Дебитантската победа на Фергусон ја потврди Калверт-Луин со неговиот втор гол на натпреварот во 84. минута и конечен резултат од 3-1.
Ова е прва победа за Евертон после трите последователни порази, а Челзи го запиша својот втор пораз во последните три лигашки дуели.



