Во недела со почеток од 17 часот, ФК Борец на својот стадион ,,Зоран Паунов” ќе ја пречека екипата на Вардар во второто коло од ПМФЛ.
Црвено-белите играат прволигашки фудбал прв пат после 18 години.
Влезот на овој натпревар ќе биде бесплатен и се очекуваат полни трибини во Велес.
И двете екипи ја почнаа сезоната со пораз од 2-0 при што Вардар загуби од Македонија ЃП, а Борец од Шкупи.
Освен овој дуел, во истиот термин ќе играат Македонија ЃП – Академија Пандев, Ренова – Струга и Силекс – Шкендија, а Работнички и Шкупи ќе го отворат колото во сабота.
*Фотографијата е превземена од официјалната Фејсбук страна на ФК Борец



