Горан Пандев во Словенија на квалификацискиот меч за ЕУРО 2020 го одигра својот рекорден настап во репрезентативниот дрес и тоа за него беше 101-ви настап за Македонија. Во претходниот натпревар Пандев против Летонија во Скопје се израмни на вечната листа со Гоце Седлоски каде двајцата имаа по 100 настапи, а од вчера најдобриот македонски фудбалер е рекордер по настапи и осамен на листата.



