Екипата на РК Охрид продолжува да се засилува. После потписот со Мартин Манасков го договорија и одличниот Денис Тот. Денис Тот доаѓа од Хрватска и игра на позицијата десен бек.
Во досегашната кариера помеѓу другите тимови има настапувано и за големиот Адемар Леон. Со ова тимот од Охрид најавува атак на висок пласман и во Суперлигата и во Купот.



