Ракометарите на Охрид загубија во финалето на турнирот во Тузла од тимот на Орошази од Унгарија со 28:20 (полувреме 15:9). Најефикасен и денес беше Бобан Блажески со 6 голови. Голманот на Охрид, Брауновиќ поради добрите партии е избран за најдобар голман на турнирот.



