Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Милош Теодосиќ во летото 2017 година ја напушти ЦСКА Москва и премина во НБА клубот Лос Анџелес Клиперс. Српскиот плејмејкер не се снајде во најдобрата кошаркарска лига во светот, а неодамна американските новинари имаа дебата на тема ,,Теодосиќ”.
,,Милош Теодосиќ дојде во НБА на 30-години со навика да пуши цигари и пие алкохол. Не пиеше многу, но сепак не водеше здрав живот. Сите во НБА знаеја дека нема да биде одличен како што тоа беше во Европа. Сите зборуваа дека 82 натпревари за него се премногу. Милош е прототип на играч кој доаѓа од Европа и пуши веднаш цигари па на натпревар се добива впечаток како да дошол од некој локал директно на терен” – ова го наведоа спортските новинари за Милош Теодосиќ.



