Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија Никола Ѓоргиев на својот фејсбук профил напиша порака која е следната желба и молба:
„17-то место на ЕП 2019 и 21. место на ЦЕВ ранкингот за 2019 година. Голем напредок и историски резултат на дебито. Овој циклус од две години е УСПЕШЕН… Честитки до ОФМ и целиот стручен штаб и играчите
Следниот циклус за наредното ЕП започнува денес. Квалификациите за наредното ЕП се август, септември 2020 година. Би сакал да го продолжиме континуитетот на големи натпреварувања и да после две години бидеме подобри од 17. место на ЕП и 21. во Европа. Знам дека МОЖЕМЕ!
П.С. Нова идеја – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022 Русија зосто да не ???🤔🇲🇰
П.П.С. ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2023 МАКЕДОНИЈА (еден од организаторите) сонот на оваа генерација. Ве молиме помогнете“ 🙏🏼
ЌЕ ИГРАМЕ СЕ🙏🏼❤️🇲🇰🏐🏆”



