Нејмар е без двоумење фантастичен фудбалер и еден од најдобрите во светот. Меѓутоа бразилецот поради симулирањата и непрофесионалното однесување ги иритира навивачите како и противниците на терен. Екс репрезентативецот на Бразил, Нето го критикуваше фудбалерот на ПСЖ и го назначи како главен виновник за неуспехот на Бразил на СП во Русија.
,,Нејмар е еден од најдобрите светски фудбалери, но дали го имате видено Лионел Меси како игра против Реал Мадрид ? Дали гледате како Меси се однесува на натпреварите против Севилја ? Дали го имате видено Кристијано Роналдо како игра за Јувентус, а при тоа има 33-години ? Тој е најдобар стрелец во Серија А”- сето ова го кажа Нето некогашниот репрезентативец кој за Бразил во период од 1988 година па се до 1993 година одигра 16 натпревари и постигна 7 погодоци.
При тоа додаде: ,,Нејмар не е фудбалер, туку е само разгалена славна личност. За него не се смее да се зборува критички, затоа што постојано неговиот татко се лути, Единствено имаме храброст само јас и Валтер Казагранде да го критикуваме. Нејмар ништо не направи за Бразил на Мундијалот во Русија” – изјави Нето.



