Како што пренесуваат романските медиуми најдобрата светска ракометарка, Кристина Неагу е во преговори со ЦСМ Букурешт за потпишување на нов договор. Неагу се врати во својата земја за да помогне тимот да ја врати титулата од Лига шампиони која ја освои во 2016 година.
Неагу има плата од 22.000 евра месечно и во новиот договор бара зголемување на платата и таа да достигне до 30.000 евра месечно што за клуб како ЦСМ Букурешт во овој момент е премногу. Дали успешно ќе завршат преговорите ќе се знае наскоро.



