Викендов се играат натпреварите од 16-то коло од првата женска фудбалска лига, каде што има на програмата два дерби дуели и тоа во Струмица помеѓу екипите на ЖФК Тиверија и ЖФК Ас Унитед, во меч во кој што стружанки ќе се обидат поразот во купот од Тиверија овој пат да го претворат во победа во првенството.
Во иста ситуација е ЖФК Тетово кој загуби од ЖФК Топ Гол во купот и во утрешниот првенствен меч во Битола ќе бараат триумф. Фаворите кои се борат за шампионската титула, ЖФК Драгон на домашен терен се среќава во недела против ЖФК Плачковица, додека исто на домашен терен утре ЖФК Истатов го пречекува тимот на ЖФК Речица.
Прва ЖФЛ 16. коло парови:
Сабота 23.03.2019
15:00 ЖФК Тиверија – ЖФК Асс Унитед
14:00 ЖФК Прилеп – ЖФК Борец
14:30 ЖФК Топ Гол – ЖФК Тетово 2017
10:30 ЖФК Љуботен – ЖФК Атлетико
14:30 ЖФК СЦ Истатов 2015 – ЖФК Речица
Недела 24.03.2019
14:00 ЖФК Драгон 2014 – ЖФК Плачковица
10:30 ЖФК Каменица Саса – ЖФК Кочани.



