Денеска во Охрид на изборното собрание на ФФМ за нов претседател е избран Муамед Сејдини кој претходно беше потпретседател во времето на Илчо Ѓорѓиевски. На Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини е избран за нов претседател на ФФМ.
Во присуство на претставникот и член на Извршниот комитет на УЕФА, Давор Шукер, потоа Хејди Беха, претставник од ФИФА, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми, од 96 делегати на Собранието присутни беа 90 од кои 82 гласаа “ЗА” избор на Муамед Сејдини за нов претседател на ФФМ.
“Најнапред сакам да ја изкажам мојата благодарност до сите Вас за укажаната довербата.
Голема е честа да се биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија и да се бориме за македонскиот фудбал. Вратата на Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе ви биде отворена. Во име на нашата „Куќа на фудбалот“, сакам да Ви се заблагодарам за соработката во изминатиот период, но и да укажам на новите предизвици кои ги имаме и кој заеднички ќе се трудиме да ги исполниме” – изјави новиот претседател Сејдини по изборното собрание.



