понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Милениците на Дарен Фергусон – Питерборо Јунајтед

Епов Насе ✏️ Епов Насе
август 18, 2019
📁 Спорт, Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Питерборо Јунајтед е професионален фудбалски клуб од Англија кој моментално се натпреварува во третата англиска лига. Домашните натпревари ги игра на стадионот „Лондон Роуд” кој има капацитет од 15 314 гледачи.

Историја:
Питерборо Јунајтед е формиран во 1934 година во истоимениот град Питерборо во Кембриџшир, Англија. Клубот е формиран како замена за поранешниот Питерборо енд Флетон Јунајтед – клуб што постоел од 1901 до 1932 година. Веднаш по основањето, Питерборо играл во старата Мидленд Лиг – натпреварување што го освоил вкупно 6 пати. Популарните „Пош” влегле во англиската четврта лига во сезоната 1960/61 и веднаш станале шампиони. Наредните седум години ги поминале во третата лига пред да бидат релегирани назад во четвртата заради финансиски нерегуларности. Три години подоцна повторно ја освоиле четвртата лига и се вратиле назад во третата. Во сезоната 1977/78 испуштиле влез во втората лига во последното коло кога ремизирале 0-0 со шампионите Рексам во Велс. Наредната сезона следувала релегација и враќање во четвртиот ранг.
Во јануари 1991, на кормилото на Питерборо дошол тренерот Крис Тарнер. Токму овој тренер на последниот ден од трансфер рокот потпишал шест играчи што до ден денес претставува рекорд за најмногу потпишани играчи од еден клуб за еден ден. Тарнер го вратил тимот во третата лига, а наредната сезона успеал да стигне до плејофот за влез во втората дивизија. Во полуфиналето бил елиминиран Хадерсфилд, а на 24. мај 1992, Питерборо за прв пат играл на Вембли и со 2-1 го победил тимот на Стокпорт и обезбедил пласман во втората лига.
Наредните 10 сезони бил член на вториот ранг, а во 1992/93 го освоил десеттото место – највисокиот пласман во клупската историја.

Питерборо во 21. век
Во сезоната 2005/06, Питерборо сменил дури три тренери, а тоа резултирало со релегација во четвртата лига. Сепак во јануари 2007, го потпишале Дарен Фергусон како тренер и тој им овозможил две последователни промоции и пласман назад во Чемпионшип. Сепак таму не се снашол најдобро и бил заменет со двајца други тренери, а на крајот на сезоната Питерборо се вратил во третата лига. Во јануари 2011, Дарен Фергусон повторно застанал на чело на Питерборо и го вратил тимот во Чемпионшип преку плејофот во кој повторно бил совладан Хадерсфилд, но овој пат во финалето со 3-0. Фергусон успеал да опстане во втората лига една сезона, но веќе во 2012/13, Питерборо повторно се соочил со релегација и сè уште игра во третата лига.

Трофеи:
Питерборо во своите почетоци, 6 пати ја освоил Мидленд Лиг. Во сезоните 1960/61 и 1973/74 ја освоиле четвртата англиска лига. Немаат трофеј во третата лига, но еднаш биле второпласирани (во 2008/09) и два пати биле победници на плејофот (1991/92 и 2010/11). Единствен освоен куп им е Фудбал Лиг Трофи освоен во 2013/14. Најдобар резултат во ФА Купот им е четврт-финалето во 1964/65, а една година подоцна стигнале и до полуфиналето на Фудбал Лиг Куп.

Ривали:
Најголеми ривали на Питерборо Јунајтед се соседните Кембриџ Јунајтед. Ривалството е доста изедначено – Питерборо има 16, а Кембриџ 15 победи. Во поголемиот дел од овој век, овие два тима биле во различни лиги, а единствен дуел им беше во англискиот Чектрејд Трофи во 2017 кога Питерборо славеше со 2-0.
Други географски ривали им се Нортхамптон и МК Донс, а после двете победи во плејофот од третата лига, Питерборо е мета на анимозитет на популарните „Териери” од Хадерсфилд.

Tags: англијаПитербороФудбал
ShareTweet
Претходна вест

Фантастичниот АЕК го надигра Еурофарм и стигна до титулата во Струга

Следна вест

Вардар утре и задутре ќе одигра пријателски мечеви со финалистите на Струшкиот турнир

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Вардар утре и задутре ќе одигра пријателски мечеви со финалистите на Струшкиот турнир

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.