Во рамките на групата А Веспрем на домашен терен ја совлада Барселона во дербито на колото и покрај поразот каталонскиот тим сеуште ја чува лидерската позиција. Унгарците со овој триумф пред гостувањето во Скопје се вмешуваат во борба за тоа второ место на табелата.
Веспрем дојде до победа со резултат од 29:26 каде што во победничкиот табор своја забележителна улога имаше и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со 4 постигнати гола, исто колку што постигнаа и Мае, Ненадиќ и Тонесен. А исто така во тимот на Барселона по 4 гола постигнаа Нгесан, Томас и Арињо.



