Репрезентативките на Атлетска Федерација на Македонија, Весна Кираџиева и Андријана Поп Арсова викендов во Белград/Србија на Балканското првенство во маратон, во склоп на Србија маратон беа втори во екипен пласман/жени, со што на Македонија и донесоа сребро!
Адријана Поп Арсова беше трета на Балканското во поединечна конкуренција и четврта севкпно, додека Кираџиева се пласираше како седма и десетта во севкупна конкуренција.
Марјан Бонев беше претставник кај мажите и влезе во топ десет, пласирајќи се на десетата позиција.Честитки до Македонските претставници



