Во Купот на Романија екипата на ЦСМ Галаци славеше против Баја Маре со 24:22 и се пласира во осминафилането. Иако во тимот на Баја Маре блескаше нашата Марија Штериова која постигна дури 11 голови, сепак победата ја однесе другата Македонска репрезентативка Елена Ливриниќ која настапува за ЦСМ Галаци. Ливриниќ на овој меч постигна 3 погодоци за својот тим.



