Македонската женска А репрезентација во вторник, 3.септември против Австрија во Виена ќе го одигра првиот квалификациски натпревар во рамките на групата „Г“ од циклусот за пласман на Европското првенство.
Подготовките за претстојниот квалификациски меч против Австрија, нашата селекција ги одработуваше во Скопје. Селекцијата денеска патува во Виена, а мечот е предвиден во вторник од 18.00 часот. Македонската репрезентација ја предводи капитенката и наша најдобра фудбалерка Наташа Андонова од тимот на шпански Леванте.
Селекторот Кирил Изов го изведува следниот состав: Викторија Панчурова (Тиверија), Суарта Речи (Асс Јунајтед), Магдалена Лекоска (СЦ Истатов) голмани. Павлинка Николовска (Драгон 2014), Драгана Колеска (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Јована Ѓорѓиоска (Деспина Прилеп), Симона Крстаноска, Ане Бошеска (Тиверија) одбрана. Ели Јаковска (Конак Беледиеспор, Турција), Улза Максути (Асс Јунајтед), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Теодора Димоска (Тиверија) и Хава Мустафа (Шкендија) напад.



