Дербито во англиската трета лига го одиграа првопласираниот Викомб и екипата на Портсмут којашто се бори за плејоф.
„Сините” од островот славеа со 2-0, иако важеа за благи аутсајдери. Стрелци на головите беа Бен Клоус во 66. и Ронан Куртис во 73. минута. Портсмут во претходното коло го совлада и второпласираниот Ипсвич, па во последните два натпревари остави солиден впечаток против екипите од врвот што ги става во солидна позиција кога е во прашање борбата за плејоф.
Викомб го претрпе вториот пораз во низа откако пред пет дена загуби од третопласираниот Оксфорд Јунајтед.
Резултатите од другите натпревари одиграни денес:
Блекпул 0-1 Акрингтон
Бристол Роверс 1-2 Вимблдон
Бартон 4-2 Транмер
Ипсвич 0-0 Џилингем
Оксфорд Јунајтед 1-0 Линколн
Питерборо 0-3 Донкастер
Рочдејл 2-3 Флитвуд
Шрузбери 1-2 Ротерам
Саутенд 2-2 МК Донс
Сандерленд 0-0 Болтон



