Денешната трка во крос-кантри скијање се одвиваше во Дрезден, Германија. На програмата беа спринтовите и во машка и во женска конкуренција. Кај дамите, до победата стигна Лин Сван притоа победувајќи во четврт-финалето и во полуфиналето. До втората позиција, после фото-финиш, стигна Словенката Анамарија Лампич, а само пет стотинки зад неа беше Швеѓанката Маја Далквист. Во финалето се пласираа и Кантвел, Семскар и Ван Дер Грааф. Кала и Пармакоски беа елиминирани во полуфиналето односно во четврт-финалето.
Кај мажите, во полуфиналето отпаднаа Брандсдал и Ретивик, а во четврт-финалето изненадувачки својот спринт го завршија Жуве и Пелегрино. Исто како кај жените, така и кај мажите имавме еден ист победник во сите рунди. Станува збор за Лука Шанава кој го победи и последниот спринт во Планица пред Тур д Ски. Втор беше Норвежанецот Синде Бјорнштад Скар, а до првиот подиум во кариерата стигна Јохан Хегстром. Во финалето се пласираа и Ауне, Же и Таугбел.



