Кадетската репрезентација на Македонија на вториот меч одигран во рамките на турнирот во Бугојно ја совладаа убедливо селекцијата на Србија со 35-26 (полувреме 16-7). Најефикасни беа Ненад Костески со 13 голови, Мартин Серафимов даде 9 (4 од пенал), Младеновиќ даде 3 голови , Симоноски, Џигероски, Ѓорѓиев и Митиќ дадоа по 2 голови, додека Ќосевски и Божиновски по 1 погодок.



