Украина во неизвесно финале на Светско првенство до 20 години што се одржа во Полска ја совлада Јужна Кореја со 3:1 за нивна историска прва шампионска титула во оваа возрасна категорија.
По завршувањето на финалето беа прогласени најдобрите каде што за најдобар фудбалер на ова првенство беше прогласен Ли Кангин од Јужна Кореја од редовите на поразените инаку е фудбалер на Валенсија.
За најдобар голман на Мундијалот е прогласен супер талентираниот голман на Украина Андреј Лунин, додека најдобар стрелец заврши норвежанецот Ерлин Браут Халанд со вкупно 9 постигнати гола.



