ФК Лабуништа 2011 обезбеди место во баражот за пласман во Првата лига, откако на домашен терен го совлада ФК Скопје со 2-1. Лабуништа поведе со прекрасниот гол од околу 16 метри на Климе Далчески во 41-та минута. Дејан Лескароски зголеми на 2-0 во 58-та минута. Конечниот резултат од 2-1 го постави Филип Јовановски кој погоди за гостите. 



