Ракометарите на Еурофарм Работник ќе играат во финалето на турнирот во Добој откако во последниот меч од разигрувањето во групната фаза успеаја да се изборат за победа од 47-24 против Пекинг Спорт Универзитет. На битолчани им требаа 12 гола разлика за да бидат први, а успеаја да стигнат до далеку поголем триумф со што без проблеми беше освоена првата позиција во групата А.



