Еурофарм Работник обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Македонија откако во финалето го совлада Вардар Јуниор со 38-27. Најдобри стрелци кај Еурофарм беа Кузмановски со 7, Граџан со 6 и Дарио Петровски со 5 голови, додека кај Вардар Јуниор Кукуловски стигна дури до 13 гола.
Претходно во полуфиналето Еурофарм го совлада Охрид со 34:20. Kaј Битолчани најдобри стрелци беа Кузмановски со 7 и Ојлески со шест голови, додека кај Охрид по 4 гола дадоа Димитријески и Тасески. Вардар јуниор го совладаа тимот на Астраион од Струмица до 34:22. Најефикасен во струмичкиот состав беше Стојанов со 9 гола, додека кај Вардар Јуниор 8 голови постигна Димов.



