Ракометарите на Еурофарм Работник на домашен терен во Битола стигнаа до рутинска победа со резултат од 39:30 на полувреме беше (24:15) над Вардар Jуниор и се одјавија без пораз пред Плеј-оф натпреварите. ,,Фармацевтите” со победа започнаа и со победа го завршија овој прв дел од првенството.
Во победничкиот табор најзаслужни за победата беа Ѓукиќ со 9 гола, Крстевски 7, Марковски 5, по 4 гола имаа Кузмановски, Ојлески и Талевски. Во тимот на Вардар најефикасен заврши воеднo и на мечот Кукуловски со 11 погодоци. Следниот вторник ќе биде познат распоредот за плеј-офот за титула во кој ќе играат Вардар, Металург, Еурофарм Работник, Пелистер, Бутел и Пролет.
Резултати Суперлига:
Борец 24 : 47 Радовиш,
Тинекс Пролет 40 : 24 Прилеп,
Пелистер 35 : 30 Охрид и
Еурофарм Работник 39 : 30 Вардар Јуниор.
СУПЕРЛИГА МАЖИ (2018/19)



