понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Драган Канатларовски – Цапар ќе биде селектор на репрезентацијата до 15 години

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јуни 25, 2019
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука Драган Канатларовски – Цапар да биде назначен за селектор на македонската репрезентација во младински категории. Прославеното име на македонскиот фудбал ќе ја предводи македонската репрезентација до 15 години.

–После 12 години се враќам во македонскиот фудбал и среќен сум што заеднички со луѓето од Федерацијата имаме прилика да дадеме придонес во развојот на еден од најбитните сегменти од фудбалот, а тоа е младинскиот фудбал и неговиот напредок. Благодарен сум што раководството на федерацијата и претседателот Сејдини придонесоа „Куќата на фудбалот“ да ја чувствувам како своја.

-Можеби за некои моето назначување за селектор на македонската репрезентација до 15 години е изненадувачки, но сите кои ме познаваат, знаат дека јас сум во фудбалот поради фудбалот, а не заради функциите. Желба ми беше да имам своја академија каде што ќе можам да го пренесам знаењето на младите фудбалери, а овој чекор во мојата кариера е предизвик и за мене да се потрудиме да постигнеме едно повисоко ниво во работата со младите категории. Сигурен сум дека со ова најмногу ќе добијат младите фудбалери. Во изминатиот период имав прилика да гледам дел од натпреварите на младиските национални тимови, запознаен сум со условите за работа, ме радува тоа што секоја селекција се третира на високо ниво, со голем број натпревари и се надевам дека заедно со луѓето од федерацијата ќе работиме да бидеме уште поконкурентни и да создаваме фудбалери кои ќе напредуваат во различни возрасни категории, изјави Драган Канатларовски.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини му посака „добредојде дома“ на Драган Канатларовски во „Куќа на фудбалот“ и посака плодна работа со младите категории.

–Оваа „Куќа на фудбалот“ секогаш е отворена за нашите фудбалски великани, а Драган Канатларовски секако е еден од нив. Разговаравме во однос на младинскиот фудбал и неговиот развој и драго ми е што од нас побара да помогне во неговиот напредок и развој. Знаеме дека само вложувањата во базата можат да осигураат успешна иднина на македонскиот фудбал, а ова назначување на Драган Канатларовски е потврда дека работиме во таа насока. Неговото знаење и искуство е исклучително важно и се надевам дека на вистински начин ќе им го пренесе и на младите фудбалери. Ние како федерација ќе им овозможиме најдобри услови за подготовка и натпревари, како што впрочем тоа го правиме со секоја национална селекција. Му посакувам многу успех во работата, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Драган Канатларовски
Роден: во 1960 година во Битола
Кариера: Транскоп, Пелистер, Вардар, Црвена звезда, Депортиво ла Коруња, Победа, репрезентација на поранешна Југославија (аматерска А и Б-селекција на поранешната држава), репрезентација на Македонија
Првак со Вардар и со Црвена звезда, освоен куп со Црвена звезда
Тренерска кариера: Вардар, Победа, Пелистер, Беласица, клубови во Србија, Ц. Гора, БиХ и во Бугарија
Првак со Вардар, Селектор на сениорската репрезентација на Македонија во два наврата, на 39 средби на кормилото на националниот тим.

ShareTweet
Претходна вест

(Видео) НЕВЕРОЈАТНО – Брат и сестра со одење по жица го поминаа Тајмс Сквер во Њујорк

Следна вест

Победа и пораз на јуниорите против Полска

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Победа и пораз на јуниорите против Полска

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.