На трката во Мотеги, Марк Маркез извоза неприкосновено и стигна до својата десетта овосезонска победа, откако на вчерашните квалификации ја завзема пол-позицијата. Второпласиран беше Фабио Квартараро кој со денешните освоени поени ја завери својата титула за дебитант на годината. Третото место му припадна на Андреа Довициозо. Возачот на Дукати успеа добро да се одбрани од нападите на четвртопласираниот Маверик Вињалес за да стигне до својот 100. подиум во кариерата (59. во МотоГП). Петтото место му припадна на Кал Крачлоу кој во последните метри го претекна Франко Морбидели. Поени земаа уште Ринс, Мир, Петручи, Милер, Пол Еспаргаро, Оливеира, Бањаја, Калио и Алеиш Еспаргаро. Валентино Роси излета на два круга пред крајот и не ја заврши оваа трка. Хорхе Лоренцо беше седумнаесетти.
Во категориите на Мото 3 и Мото 2 славеа Лоренцо Дала Порта односно Лука Марини.



